Денеска , но и како и пред секое поскапување на бензините брачен пар од населбата Нерези кој се вози со трактор на бензиска пумпа се нареди со останатите автомобили чекаше да стави нафта. Тие се занимаваат со обработка и транспорт на земја и постојано се заедно. Сопругата се вози на браникот од левото тркало. Денеска нив не ги спречи ниту тоа дека тракторот нема заштитна кабина а врнеше дожд, го донесоа и наполнија со нафта. Овој пар често пати може да се сретне во населбата Козле.
Од вечерва на полноќ повторно се менува цената на горива.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и 98 се зголемуваат за 1,00 ден за литар, па така ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 72,00 ден, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 ден.
Цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари, па така Дизелот ќе чини 64 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 52,50 денари за литар.
Поврзани објави
ВИДЕО: Кражба во елитен хотел на Плоштад во Скопје сред бел ден
Вчера во Скопје се случила кражба во елитен хотел кој се наоѓа на Плоштадот во центарот на градот.…
ФОТО: Возила од СЈО излегуваат од гаражи на Влада!
Пред малку поранешниот студенстки лидер Самоил Малчевски објави фотографија од автомобили кои се сопственост на Специјалното јавно обвинителство.…
Twitter : Светот ја крие маршутата на папата, Македонија ја откри
Секаде во светот, кога доаѓа папата, маршутата на движење се чува во тајност. Во Македонија пред време се…