До редакцијата на Досие.мк е испратен документот кој секој патник треба да го потпише на излез од земјата.
Во случајот овој документ е потпишан на граничниот премин на излез на нашата земја со Косово.
Напуштањето на државата според новите протоколи значи преземање и на своја лична одговорност во странство.
Секој кој ќе излезе од Македонија тоа треба да го потврди со потпис на изјавата што ја добива на граничниот премин.
Ако сакате да патувате надвор, треба да се свесни дека нема да можете да барате помош од државата ако се најдете во ситуација поврзана со ковид-19.
Секој граѓанин на излез од државата треба да потпише документ во кој изјавува дека на своја одговорност ја напушта државата и дека е запознаен со состојбата со пандемијата од ковид-19, поради што голем број на земји ги затвориле граничните премини и е отежнато или оневозможено движењето во странство.
Со тоа, како што пишува во документот, надлежните државни органи на Република Северна Македонија не можат да гарантираат навремена помош за враќање на патникот во матичната држава.
Р.З.
Поврзани објави
Боба од „Жикина династија“ се збогуваше со Дара Чалениќ: „Заминаа и моите филмски родители“
Даринка Дара Чалениќ, позната по улогата на Дара во филмската серија „Жикина династија“, почина денес на 87-годишна возраст…
Сакам да ме боцне со „Спутник В“, тоа „В“ ме асоцира на Венко
Љубовната сага на скопјанката во јавност позната како Лиде Лиде нема крај. Иако по селфито со министерот имаше…
Глувонеми родители за своето бебе собираат пари за специјален бејбифон
Глувонемиот пар Наумоски пред 5 месеци добија синче, но имаат проблем во комуникација со бебето. Собираат 500 евра…
Бебе примено на Kлиника – се испитува кој го повредил
На 25.12.2019 во 12.50 часот СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било…