Состојбата во Македонија е загрижувачка, да не се опуштаме и да го спуштаме гардот

Советникот на регионалиниот директор на Светската здравствена организација Европа Фабио Скано, кој е во посета на земјата рече дека состојбата со епидемијата со ковид-19 во Македонија е загрижувачка.
„Она што го гледаме во Македонија е загрижувачко, поуката што треба да ја извлечеме до моментот на наоѓање на вакцина не смее да се опуштиме и да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе бидат преземени овие денови но и во месеците што следат ќе бидат критични и важни да се намали бројот на новозаразени“, рече Скано, на заедничката прес конференција о Владата со министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека неговата посета е навреме и дека она што го гледаат и овде и во светот покажува дека вирусот нема да замине, дека брзо се шири и дека зема животи. Скано смета дека државата навреме презела силни мерки пред да се појави и првиот случај на заразен и дека е инпресиониран од работата на лекарите.
Во одговор на новинарско прашање дали зголемениот број на случаи се должи на олабавување на мерките и дали треба сега да се отвораат границите и аеродромите, Скано рече дека ова што се случува во Македонија го има и во регионот и во европските земји, кај кои кривата на заболени била во надолна линија, а по олабавување на мерките таа се зголемува, Според него тоа се должи на изборот на мерки на државите, како и од однесување на граѓаните.
„Колку побрзо го спуштиме гардот толку побрзо ќе се врати“, рече Скано.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави