Граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница од денес е отворен за излез и влез во земјава, но од соседната страна копнената граница на Грција останува затворена за влез на туристи и патници најмалку до 1 јули.
Дежурната гранична служба утрово информираше дека грчките гранични службеници денес повторно ги враќале назад сите туристи, па дури и оние од Шенген зоната и ЕУ, за влегување во Грција ги насочувалле да патуваат преку Бугарија. Преку граничниот премин Евзони моментно е дозоволен само излез на сите што заминуваат од Грција.
Исклучок за влез во Грција се прави само за патници кои имаат регулиран престој во Грција, како и за транзитниот сообраќај кој се одвива како во нормални услови.
Од денеска слободен влез во земјава им е дозволен на грчките државјани.
„Утринава на влез во земјата се регистрирани само десетина грчки возила“, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.
Поврзани објави
На лекарите не им место покрај гласачки кутии!
Бекјаровски Нико , поранешен директор на Токсикологија се обрати на министерот за здрство , техничкиот премиер и претседателот…
Ги искачи Хималаите, го развеа македонското знаме и загуби два прста!
Здравко Дејановиќ е единствениот Македонец со три освоени врва над 8.000 метри, откако успеа да ги искачи трите…
Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол
Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол, пренесуват српските медиуми. Иако барањето на Приштина за членство во…
Ќе се набавуваат 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата се пофали Меџити
Ќе се набавуваат нови амбулантни возила од причини што најголем број од возилата кои се на располаѓање на…