Мој термин системот преку кој се закажуваат здравствени прегледи и интервенции почнува да работи. Од министерството за здравство информираат дека согласно епидемиолошката состојба сите јавни здравствени установи веќе ќе креираат термини за почетокот на септември.
Прво ќе бидат повикани пациентите чии прегледи беа откажани изминатиот период, истото важи и за операциите кои беа ставени на чекање. Прегледите ќе бидат спроведени согласно претходно поставениот план и протокол за работа на болницата. Задолжително користење лична заштитна опрема од вработениот персонал ќе се врши редовна контрола во болниците за примена на превентивните мерки.
„Во здравствената установа ќе биде дозволен влез на лица со специјалистички и супспецијалистички упат 15 минути пред закажаниот термин за преглед, при што ќе биде дозволен влез само на уште еден придружник. Задолжително е носењето заштитна маска на пациентот и придружникот при влез во здравствената установа на закажан преглед или прием на болничко лекување“, објаснуваат од Министерството за здравство.
Сите здравствени установи се задолжени да постават дезинфициенси за раце при влезот во установата и тие да бидат поставени на видно место јасни насоки за пациентите.
Во секоја болница ќе има одговорно лице кое ќе спроведува термален скрининг, епидемиолошка проценка и контрола на носењето лична заштитна маска на пациентите, како и одржување физичка дистанца во чекалните на амбулантите за преглед. Р.Д.