Ќе се утврдува одговорност и на инспекторите за концертот на Грашо

Директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за Телевизија 24 изјавил дека внатрешната контрола ќе утврдува дали инспекторите ја прекршиле процедурата при проверката за почитување на протоколите за заштита од коронавирусот на концертот на Петар Грашо во Битола.

Директорот Пауновски вели дека обврска на инспекторите во вакви ситуации е да го следат настанот до крај, а не да им веруваат на организаторите на она што ќе им го кажат или ветат.

Постојат соменвања дека инспекторите во записникот запишале дека контролата ја извршиле десет минути по полноќ, а всушност тоа го направиле во 21 часот и 30 минути. Ако се потврдат пвие наводи, на одговорност ќе бидат повикани и инспекторите.

Откако инспекторите си заминале, просторот кај Хераклеа се исполнил до последно место и влегле околу две илјади луѓе, иако дозволено било присуство на само 600. Оваа информација организаторот ја објави и преки онлајн системот, каде што се продаваа влезниците.

Од организаторот на концертот Прагма продукција остануваат на тврдењето дека сите протоколи биле почитувани, а за тоа имале и записник од инспекцијата.

Концертот на Петар Грашо се одржа во четвртокот, а веднаш по настанот, министерот за здравство Венко Филипче побара казни за организаторот, поради прекршувањето на протоколите за заштита од ковид-19. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави