Хронично болните на работа, а породилното да се продолжи до крајот на 2020

Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста, а одлучи и работничките кои се на продолжено породилно отстуство, дека тоа ќе трае до 31.12.2020 година.

Од Комисијата соопштија дека истовремено продолжува и ослободувањето од работа на бремените жени.

Во врска со родителите со деца до 10 години, од Комисијата посочија дека за ова прашање ќе одлучуваат на следниот состанок.

Предлог одлуката на Комисијата ќе се достави до Владата на Република Северна Македонија, која ја носи конечната одлука по овие прашања.

Total
0
Shares
Поврзани објави