Притворени се напаѓачите на Палчо

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска соопшто дека напаѓачите на политичкиот активист Љупчо Палевски-Палчо се наоѓаат во притвор и се работи на расчистување на случајот.

-Што се однесува до нападот што беше врз Љупчо Палевски. Да имаме приведено осомничени лица и моментално се работи на целосно расчистување на случајот, откри Спасовски.

Љупчо Палевски во гостувањето во емисијата „А што не е јасно“ на телевизија Алфа како нарачатели на нападот врз него ги посочи Зоран Заев и Сашо Мијалков.

Тој деновиве брутално беше нападнат и претепан пред својот дом во центарот на Скопје од страна на двајца напаѓачи кои по настанот побегнале од местото со мотор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(НОВА АУДИО БОМБА на ЕЛ ЧЕКА) Кој ја мести Шекеринска? Нарачки како да гласа ДИК – дело за кое се осудени Сашо Мијалков и Мендух Тачи!

Шеќерим Ахмети, познат како „Ел Чека“, објави нова аудио бомба преку социјалната мрежа Фејсбук. Овојпат се слуша гласот…