Инжинер во фирма „Мак-Дрил“ од Кавадарци починал кога од камен бил погоден за време на минирање на ископ во рудникот „Говрлево“, соопшти полицијата.
Вчера околу 14:25 часот од итна медицинска помош било пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“.
Тој, како што се наведува во соопштението од МВР, при минирање на ископ во рудникот „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот.
Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Поврзани објави
„Охрид СОС“: Багерите на Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на Охридско езеро
Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на нивниот Фејсбук профил објави видео од багери кои копаат песок на крајбрежјето на…
ДУИ денеска конечно ќе се огласи за ставањето на Мерко на „црната листа“ на САД
Владиниот коалициски партнер Демократската унија за интеграции (ДУИ) по два дена, денеска се очекува конечно да излезе со…
МНР: Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција повредени од земјотресот
Министерството за надворешни работи преку своите Амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата…
Османи потврди дека ќе се допрецизира договорот со Бугарија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека Договорот за добрососедство со Бугарија ќе се допрецизира, но се…