МПС: Срамно е за физички напад на полицаец да се изрече условна казна

Македонскиот полициски синдикат реагира на пресуда на судот во Виница, според која на една година условен затвор е осуден граѓанин кој нападнал полицаец.

МПС тврди дека пресудата била донесена на 9 октомври.

-За извршен напад врз наш колега судот изрекол алтернативна мерка, условна осуда, за што сметаме дека е срамна“, смета полицискиот синдикат.

Тие тврдат дека од увидот во предметот утврдиле дека пресуда е спротивна на основната цел за одвраќање на сторителите да не чинат вакви дела и за заштита на полициските службеници од напад при извршување на своите работни задачи.

Total
0
Shares
Поврзани објави