Вчера Судскиот совет на седница избираше член на советот на местото на Беќир Шаини. Избран е Сашо Ѓеоргиев од Штип близок до врвот на сегашната владеачка гарнитура. Членот е биран со бадентер бидејќи се бира место кое припаѓа на националностите.
Кандидати за ова место беа Насер Хаџиахмет Агиќ од Кривичен , Сафет Кадриу од Апелација Скопје , Сулејман Мемети од Скопје 1 и уште еден кандидат.
Според сознанија на dosie.mk избран е Сашо Ѓоргиев од Штип оти СДСМ и ДУИ се испазариле за главен државен правобранител да биде избран Фехми Стафа службеник од Кривичен суд , а за член на Судски совет Влав по националност бидејќи е малцинска листа.
Албанците го отстапиле ова место , бидејќи веројатно Мери Дика која е влаинка ќе биде сериозен кандидат за претседател на Апелација Скопје, а на нејзино место ќе дојде албанец . Сега по “бадентер” во Судски совет со најнвиот избор заедно има тројца власи и тројца албанци.
До скоро најсериозен кандидат за оваа позиција беше поранешната претседателка на Кривичен суд Добрила Кацраска.
Поврзани објави
Фатиме Фетаи испратила мејл декa се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство
Поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, испратила мејл декa се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско…
ЈО : Заев и Димитров не сториле влепредавство и повреда на угледот на државата
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Светскиот…
Судот ја отфрли тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ
Граѓанскиот суд Скопје ја отфрли тужбата за клевета на шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска…
Русковска: Во веледрогеријата Пановски не се врши претрес, се одзема документација
Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево, по наредба на Обвинителството…