Како последица на вирусот Ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, кој во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Димитриев беше на 63 годишна возраст. Оваа информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина. Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје. Таман бил малку поарен, нагло му се влошила состојбата па починал. -Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.
Поврзани објави
Лекарката од Кожно која држела предавање на деца за корона се огласи – Добра сум, не сум била во контакт со директорката, спаѓам во група на низок ризик!
По големиот аларм кој го вклучија родители од Основно училиште каде минатата недела лекар од Клиниката која сега…
Прилепскиот градоначалник бара помош од армијата
Последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани од општина…
Доктор Серафимов: Зарем е логично да примиш попишувач дома, кога ни сопствените родители не ги примаш?
Во очи на форсиран попис, за коj веќе течат интензивни подготовки и во услови на четирицифрени бројки од…
Комисијата за заразни болести предлага отварање на границите со соседите
Комисијата за заразни болести до владата ќе предложи укинување на ПЦР тестовите за влез во Северна Македонија на…