Пожарот што вчера околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс „Аурора“ крај Беровското Езеро брзо беше локализиран. Според информациите Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари.Дојавата во ТППЕ Берово е примена околу 14:30 часот, по што од наша страна е интервенирано со две возила, една цистерна и возило „бремач“. Во гаснењето учествуваа четворица пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот, како и туристи. Во моментот пожарот е локализиран, но наши екипи остануваат во обиколка на теренот, информираше Руменовски за МИА.Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, иако како можен причинител се наведува човечки фактор.
Поврзани објави
Најнов предлог: Од среда укинување на полицискиот час, да нема ограничување за гости на свадби
Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кои се донесени одлуки за нови мерки. Министерот за здравство…
Подготвени сме за најважниот натпревар, велат македонските репрезентативци
Македонската фудбалска репрезентација со денешниот тренинг ги завршува подготовките за утрешниот натпревар против Украина во рамки на второто…
ФФМ се премисли: Со стариот дрес на ЕВРО 2021!
Фудбалската федерација на Македонија по реакцијата на јавноста и бројните несогласувања со новиот дрес изработен за ЕВРО 2021…
УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во јавното здравство во вредност од 100.000 евра
Скопје, 04.06.2021 – Од почетокот на здравствената криза предизвикана од Ковид 19 вирусот, Цементарница УСЈЕ во континуитет му…