Ковачевски: Ќе се обидеме да не поскапи струјата , или тоа да биде минимално

Како акционерско друштво ниту можеме да ги потврдиме, ниту да ги демантираме шпекулациите во јавноста околу цената на струјата, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски запрашан дали по најавите на премиерот за производство на зелена енергија, ќе има и скок на цената на струјата.

,,Одлуката ја носи Регулаторната комисија која е независно тело. Иако законската обврска за годинава е да испорачаме 70 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум,  како компанија ги правиме пресметките и напорите да испорачаме повторно како и минатата година 100 проценти електрична енергија по цена која ќе ни ја регулира Владата. Се надевам и очекувам цената во нашиот дел како ЕСМ да нема промени иако учествуваме со нешто околу 40 проценти во вкупната цена на струјата. Сметам дека и годинава ќе ја стабилизираме цената да нема зголемување или ако тоа евентуално се случи, за што одлучува Регулаторна, да биде нешто минимално во факторот на корекции”, изјави Ковачевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Наќе Стојановски

Почина Наќе Стојановски, истакнат член на СДСМ, пратеник во три мандати, и вршител на други важни должности меѓу…