Билети за ЕУРО2020 за вработените на Инфективната клиника

Здравствените работници ќе имаат можност организирано да ги следат натпреварите на македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини денеска им врачи билети за Европското првенство на вработените од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, кои организирано ќе ги следат на ЕУРО2020.

Здравствените работници беа во приоритетнат група на лица кои електронски аплицираа преку ФФМ за купување билети за ЕУРО2020, а дополнително на медицинскиот персонал, преку Министерството за здравство, ќе им бидат овозможени влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

„Изминатите речиси две години, едноставно, живеевме во време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е премалку, но чувствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и трудот што го вложуваат за да нè заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности“,

изјави Сејдини, на денешната средба со вработени во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во име на здравствените работници, главната сестра на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби Габриела Темелковска изрази благдарност до ФФМ.

„Дел од вработените во нашата клиника организирано ќе патуваат во Букурешт и со цело срце ќе ја бодрат македонската репрезентација. Ова е начин и ние да возвратиме на поддршката што ни ја даваа фудбалерите во исклучително тешкиот период за сите“,

истакна Темелковска на приемот во седиштето на ФФМ.
Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави