Имер Селмани заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје?

Имер Селмани, поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје на следните локални избори, објавуваат медиуми, особено оние на албански јазик.

Селмани во последен период во своите гостувања во медиумите ги поддржува ставовите и политиките на премиерот Зоран Заев, а претходно беше дел од изборната кампања на претседателот Стево Пендаровски.

Изненадувањето кое што го најави лидерот на ДУИ, Алу Ахмети, за во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје. Заев  за ова „изненадување“ рече дека „ќе биде добро за државата“.

Претходно, како претседателски кандидат Селмани освои голем број македонски гласови.

Total
0
Shares
Поврзани објави