Европската комисија предлага земјите-членки да дозволат влез само за граѓаните на земји кои не се во Европската Унија (ЕУ) кои ги примиле двете дози на вакцините против ковид-18, а кои се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). До денес, Агенцијата има одобрено само четири вакцини: „Фајзер/Бионтек“, „АстраЗенека“, „Модерна“ и „Јансен“ (Џонсон и Џонсон).Ќе се прифатат и вакцините кои добија дозвола за итна употреба од Светската здравствена организација (СЗО). Оваа листа засега е иста со листата на одобрени вакцини од ЕМА, иако деновиве се очекува и одобрување за кинеските на „Синофарм“ и „Синовак“. Според последниот статус од 23 април, СЗО сè уште нема предвиден рок за одобрување на руската вакцина „спутник“ на институтот Гамалеа, таа одлука ќе се донесе откако ќе бидат поднесени сите податоци и завршени сите инспекции, од кои последните две се планирани за мај и јуни.Лицата кои ќе патуваат потребно е да ја примиле втората доза 14 дена пред поаѓањето.Комисијата, исто така, побара од членките да ги попуштат ограничувањата за патувања, како тестирање или карантин при пристигнување, за целосно вакцинираните туристи. Ова би важело и за граѓаните на ЕУ и за граѓаните на земји кои не се членки на Унијата. Покрај тоа, Комисијата предлага да се подигне прагот за влез на земји на списокот на оние од кои секое патување може да биде дозволено, се вели во соопштението на Европската комисија. Според сегашните регулативи на ЕУ, во една од 27-те земји-членки можат да патуваат само граѓаните од седум земји, но денешниот предлог сигурно ќе го прошири тој список. За да се ограничи ризикот од ширење на нови мутации на коронавирусот, Европската комисија понуди и нов механизам „итна сопирачка“, со кој ќе се овозможи итна примена на ограничувања за патувања за сите земји каде епидемиолошката состојба нагло ќе се влоши. Ова ќе им овозможи на земјите-членки да дејствуваат брзо и привремено да ги ограничат на строг минимум сите патувања од погодените земји за времето потребно за воспоставување соодветни санитарни мерки, се вели во соопштението. Земјите-членки на ЕУ би требало утре да почнат расправа за овој предлог и потребно е да се постигне целосна согласност за предлогот да биде усвоен и да стане важечки пропис.
Поврзани објави
Османи: Јас сум сигурен дека бројот за заболени од коронавирус е поголем од досега потврдените 570
Јас сум сигурен дека бројот на заголени од корона вирусот е поголем од од овие досега потврдени 570.…
Колку е опaсен индискиот сој на коронавирусот детектиран во Грција?
Новата варијанта на коронавирусот која потекнува од Индија, уште не доволно позната. Но, Б.1.617 предизвикува загриженост во светот.…
Караџовски: Јас и мојата фамилија ниту сме биле, ниту ќе бидеме мафијаши
Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски денеска ги отфрли сите обвинувања во јавноста во врска…
Херој на денот, пекара во Охрид дава бесплатен леб за сиромашните
Херој на денот е сопственикот на пекарата Лихнида во Охрид, кој за време на тешка криза со пандемијата…