Гарванлиев не влезе во финале на Евровизија

Евровизија се врати во стариот сјај, со публика и изведувачи на сцена. За разлика од минатата година кога беше откажана поради андемијата со коронавирусот годинава, Евровизија сега блесна во Ротердам Холандија. 65-тото издание започна како и во изминатите години, спектакуларно, шеснаесет земји се претставија во првото полуфинале. Македонија, Литванија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина и Малта, со тоа што Германија, Италија и Холандија ќе гласаат во ова полуфинале. На сцената се појави и тројниот евровизиски претставник Џони Логан (двапати како изведувач и еднаш како композитор), а преку омаж, се потсетивме и на победниците во изминатите 65 години.

Васил Гарванлиев е нашиот евровизиски претставник кој вечерва настапи на првата полуфинална вечер со песната „Here I stand“.

Во финалето во сабота се пласираа, Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

Годинава, освен нашиот претставник, за финалето пласман не обезбедија ниту Хрватска, ниту Словенија.Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај. Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грција, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.

Total
0
Shares
Поврзани објави