Семејството на момчето кое исчезна во Вардар бара помош: Секој кој има опрема и искуство да се вклучи во потрагата!

Продолжува потрагата по Миле, момчето од Пепелиште, Неготино, кое вчера околу 16 часот исчезна во водите на реката Вардар.

Негови блиски роднини за ,,Фокус” велат дека моментално на Пепелишки мост има рефлектори, а за утре, во седум часот наутро е најавена помасовна потрага во која замолуваат да се вклучат сите кои се во можност.

Локално население, но и луѓе од било кој крај на земјава, кои имаат соодветно искуство или опрема за вакви случаи, би биле од голема помош-апелираат блиските на момчето.

Настанот го вознемири целиот регион и многу луѓе уште од вчера беа вклучени во потрагата. Според Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, по момчето трагале и специјални единици на полицијата.

Сепак, бидејќи се работи за поголема област која треба да биде пребарана, потребни се што повеќе доброволци.

За секој од земјава кој може да се вклучи, масовната потрага започнува утре во седум часот кај пумпена станица.

фокус.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Матична докторка избркала бремена жена со болно дете – немале пари и докумети кои им изгореле во пожар во кој загубиле две деца!

„Дали Хипократовата заклетва важи кога се во прашање Ромите од Шуто Оризари?!“ Здравјето е основно човеково право загарантирано…