КАНЦЕЛАРИЈАТА ЈА ПРЕТВОРИЛ ВО ОРДИНАЦИЈА-РАКОВОДИТЕЛОТ НА ЃАВАТО ЖИВЕЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Раководителот на хидросистемот Ѓавато, Јован Попов, е неподвижен веќе втор месец. Настрадал во тешка сообраќајна несреќа и сега е врзан за кревет. Но, наместо дома или во соодветна установа, тој се лекува во службените простории, пренесува тв канал ВИС. Донел болнички кревет, лекови и опрема. И за него се грижат вработените: го негуваат, му менуваат катетер, му даваат лекови.

Попов вели дека мора да биде во канцеларијата бидејќи е потребен на работното место. Тврди дека за оваа ситуација е запознаено министерството за животна средина и имал дозвола да престојува тука.

Вработените велат дека го информирале министерството за животна средина и испратиле фотографии од канцеларијата во Богданци за да ги запознаат со ситуацијата, но досега никој ниту дошол ниту реагирал.

Од министерството за животна средина информираат дека боледувањето на Попов е отворено од 30 март до 25 мај оваа година. Тврдат дека до нив не стигнале информациите дека раководителот Попов живее и се лекува во канцеларијата, е сторијата на ТВ канал Вис.

Сторијата целосно е превземена од Тв Канал Вис и објавена од репортерот Сузана Мицева. Фото ТВ канал Вис web

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

14 судски полицијаци обезбедуваат два суда и над 250 судења на ден, синдикатот на Кривичен бара специјален статус за вработените

Синдикатот на вработените во Кривичен суд ќе бара од надлежните институции посебен статус за нивната работа. Сложеноста, обемноста…