Актерот Алек Болдвин уби камерманка и рани режисер

Трагичен инцидент го потресе Холивуд: акертот Алек Болдвин при снимање на филм пукал од оружје кое било реквизит и притоа убил камерманка и го ранил режисерот. Полицијата отвори истрага.

Камерманката Халина Хачинс (42) е смртно застрелана во инцидентот, се вели во соопштение на полицијата во Санта Фе. Режисерот Џоел Соуза (48) е повреден и пренесен во болница.

Инцидентот се случил во текот на снимањето на вестернот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико. 63-годишниот Болдвин има главна улога во филмот и истовремено е и продуцент.

Полицијата добила итен повик од локацијата каде што се снима филмот. Според полициското соопштение, Хачинс била со хеликоптер префрлена во болница и таму била утврдена нејзината смрт. Засега нема информации каква е здравствена состојба на Соуза, кој е во болница во Санта Фе.

Иследниците зеле изјави од сведоци. Се истражува и оружјето и начинот на којшто било пукано. Досега не е покрената кривична истрага, наведува полицијата.

Тимот портпароли на Болдвин засега не дава изјави. Актерот, еден ден пред инцидентот, на Инстаграм постави своја фотографија со брада и во „вестерн облека“.

Тој во филмот го глуми бандитот Харланд Раст, по кого е распишана потерница. Во филмот, меѓу другите, глумат и Френсис Фишер, Брејди Нун, Тревис Фимел и Џенсен Еклс.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Промените на Сонцето во последните 10 години прикажани во 61 минутен филм изработен од фотографии снимени од опсерваторијата на НАСА

.Америкнската вселенска агенција НАСА објави едночасовен филлм од споени фотографии од Сонцетото собирани изминатите десет години. Овие фотографии…