Поскапуваат горивата: Дизелот за денар и половина, бензините за денар

За еден денар се зголемува цената на бензините, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ во следните седум дена, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 76,5 денари, Еуросупер БС-98 по цена од 78,5 денари, а новата цена на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 69 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,103 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,827 денари за килограм.

Новите повисоки цени на нафтените деривати се должат на зголемувањето на цените на светските берзи во изминатиот седумдневен период.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Судска медицина: Причината за реобдукција покажува дека ОЈО и колегите кој го прегледале телото немаат елементарни познавања од судска медицина, познавања кој треба да ги има секој обвинител

По пронаоѓање на телото на ден 07.06.2022 година околу 19.00 часот бил извршен увид на местото на настанот…