Скок на цената на пченицата

Цената на пченицата на меѓународните пазари нагло се покачи откако Индија го забрани извозот на главните житни култури, јавува „Би-Би-Си”.

Индија е втор најголем производител на пченица во светот, но досега не беше главен извозник оттаму што најголем дел од остварените приноси ги трошеше за сопствени потреби.

Владините претставници во Њу Делхи соопштија дека забраната не е трајна и оти може да се преиспита.

Цените на пченицата годинава пораснаа за околу 60 насто на светските берзи.

Ситуацијата со цената на пченицата настана откако запре извозот од Украина, која е еден од најголемите производители на таа житна култура во светот со седумпроцентно учество во глобалното снабдување.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во
одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) –специјализирана рударска компанија со седиште во…