Прегазена девојка на велосипед во Скопје

Сообраќајна несреќа во која настрада млада велосипедистка се случи вечерва на булеварот Митропoлит Теодосиј Гологанов во близина на поранешната фабрика „Алумина“.

Според првичните информации велосипедската поминувала на велосипедска патека кога во неa удрил возач со моторно возило „БМВ“. 

Очевидци на терен за Скопје Инфо сведочат за страшна сообраќајна незгода и додаваат дека од силниот удар патиките на девојката биле на десетина метри од велосипедот, кој во лоша состојба сведочи за силината на ударот. 

Повредената девојка со возило на Итната медицинска помош е пренесена на Ургентен центар, а полицијата во моментов врши увид на местото на настанот.

извор : Skopjeinfo.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави