Жена загина во пожар во Стар Дојран

​Денеска околу 7 часот во пожар кој избувнал во куќа во Стар Дојран и зафатил еден спрат и покривот, загинала жена.

Настанот го потврдија од СВР Струмица, каде пожарот бил пријавен во 07:20 часот.

-Пожарот избувнал во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран. Бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице, соопштија од СВР Струмица.

Според информациите од Доброволното против пожарно друштво од Дојран, пожарот бил голем и се заканувал да ги зафати околните куќи и блиската борова шума.

-Веднаш по добивањето на известувањето дека има пожар се упативме со две наши возила и две од против пожарната единица од Гевгелија. Пожарот беше силен и веднаш пристапивме кон гаснење.Колку тој беше силен зборува и податокот што дури пет пати ги полневме возилата со вода и некаде околу 11 часот успеавме да го изгаснаме, информираше Злате Талески, командир на Доброволното против пожарно друштво од Дојран.

На местото на пожарот бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на жената е дадено на обдукција.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гори Универзална сала

Густ црн  чад во моментов се издигнува од Универзалната сала во Скопје. На теренот се бројни противпожарни екипи…
Повеќе

Почина Жарко Луковски

Поранешниот главен извршен директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски почина попладнево. Засега познато е дека бил болен а синоќа…