Нема пари – нема Охридски маратон

Охридскиот пливачки маратон годинава нема да се одржи беше соопштено по денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со претседател на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство, се наведува во соопштението.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јовески ја суспендира Русковска

Државниот обвинител Љубомир Јовески поведе предлог за дисциплинска постапка и привремено ја суспендира шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран…