Последните разговрори пуштени во судница за случајот Титаник се на Јанакиески со Амди Бајрам, човек од ТАВ аеродром и Јанкуловска. Сите коваат план како да се натераат Ромите да гласаат, а Албанците со авиони кои пристигнуваат на Охридски аеродром да се заглават на аеродром, и по пат кај Кичево да се спречат со наместена сообраќајка.
Јанакиески од Амди Бајрам бара од него да притиснат, зошто немало излезност на Кале. Амди на тоа му вели „па идеме, како не идеме, па во куќи им влеговме”.
Јанакиески разговара со Гордана Јанкуловска дека во 4:00 и 4:30 доаѓаат два авиона со Албанци во Охрид, па размислуваат како да ги спречат да гласаат, „дали да го задржат некако авионот да врти пред да слета, дали скалите за симнување да се постават подоцна или пак да се направи некоја сообраќајка, да се преврти трактор да не може со коли да ги земат”.
„А, да превртиме камион со песок или нешто така цело да се блокира“, му вели Јанкулоска на Јанакиески.
Поврзани објави
ФОТО ВЕСТ: Тетка врши нужда пред Врховен суд
Попладнево повозрасна жена беше фотографирана со мобилен како врши нужна на булеварот пред Врховен суд. Токму пред влезот…
Цукерберг: Преголем ризик во овој момент да се остави Трамп да ги користи социјалните мрежи
Цукерберг смета дека е преголем ризик во овој момент да се остави Трамп да ги користи социјалните мрежи.…
Сончево време со ниски утрински температури
Времето ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер…
Притвор за Боки и Кичеец , одземен телефон на Катица
Доцна вечерва судија на претходна постапка одреди притвор на Бојан Јовановски и второосмичениот за случај за рекет и…