Отец Оливер Петровски и хуманитарсната организација “Свети Спас” успеаа да реновираат куќа на бабичка од Драчево која неодамна изгорела. Недостасуваат уште неколку ситници за куќата да биде оспособена да може бабата деновиве пред да залади да се всели. Еве го неговото обраќање.
“Браќа и сестри, пред извесен период се опожари барака во Драчево во која живее една бабичка. Нашата организација веднаш по добиената информација излезе на терен и, откако ја видовме состојбата, решивме да помогнеме.
Благодарение на сестрата Јана Анѓелеска Јовановска ( која на својата свадба постави кутија за донации и сите собрани средства ги уплати за градежни материјали) и на братот Viktor Naumovski, како и на Раде Кончар ТЕП (кои ни ги обезбедија сите материјали за електрична инсталација), почнавме со реновирање и веќе сме речиси при крај. Но… за жал, сеуште не успеавме да најдеме еден прозор ( 125х55), купатилска врата (65х203) и влезна врата (200×92).
Упатуваме апел до сите кои можат и сакаат да помогнат, да ни излезат во пресрет за баба Лена да се врати во својот дом час поскоро.
Бог да ве благослови!!!”
Поврзани објави
Да го направиме посветол животот на мојата ќерка Ивана
После шест години поминати во искушение со изгубен вид и пет операции на глава поради hidrocefalus i atrofija…
ФОТО : Јане Ченто тепан во притвор во Шутка?
Вечерва на социјалните мрежи се појавија две фотографии на кои е сликан Јане Ченто еден од притворените за…
Мајка и син питачат пред Парламетот , државата со години не им дава социјално и засолниште
-Е сестроооо со детето молев кај пратенициве, бев и во социјално но ништо останавме со години на улица.…
Професор по физичко доби на суд , го тужеше школото за неплатен додаток – класен раководител
Професор по физичко од Скопје преку суд ги побара и доби парите кои училиштето каде што е вработен…