Тешка сообраќајка во Скопје: Загинаа две лица, едно е повредено

Две лица ги загубија животите, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје.

Од МВР потврдуваат дека несреќата била пријавена кај нив околу 16.40 часот.

-Патничко моторно возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот.  На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.  Додека, со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Владата го задолжи МЗ вo рок од два дена да достави информација по објавената сторија за случувањата поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“

Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција посочи дека е побаран вонреден инспекциски надзор во Клиничката…