Силен земјотрес во Мостар

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Мостар.

Според податоците на EMSC, епицентарот на земјотресот е на 39 километри од Мостар, на длабочина од десет километри. Се почувствува низ цела Босна и Херцеговина, но и во Далмација.

Земјотресот е регистриран нешто пред 10:30 часот.

Total
0
Shares
Поврзани објави