Почина легендарниот германски фудбалер – Андреас Бреме

На 63-годишна возраст, од срцев удар почина легендата на германскиот фудбалер, Андреас Бреме.

Во текот на вчрашниот ден Бреме доживеал срцев удар по што веднаш бил пренесен во болница, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Бреме во својата играчка кариера настапуваше за Бамбек, Сарбрикен, Кајзеслаутерн, Баерн, Интер и Сарагоса.

Неговиот најголем момент од кариерата е тоа што го погоди пеналот за победа на германската репрезентација против Аргентина во финалето од Светското првенство во Италија 1990 година. За националниот тим одигра 86 натпревари и постигна осум гола иако играше на позицијата лев бек.По завршувањето на кариерата стана тренер, но ги водеше само Кајзеслаутерн и Унтерахинг по што во 2006 престана со тренерската работа.

Total
0
Shares
Поврзани објави