Импровизиран кревет и забоден нож пронајдени на гаражното место на претседателката на Уставен, Кацарска

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера веднаш до нејзиното гаражно место, каде што го паркира приватното возило, пронашла импровизиран кревет и забоден кујнски нож, дознава „360 степени“.

Претседателката на Уставен случајот го пријавила во полиција, од каде што ни го потврдија настанот и велат дека за него е известен надлежен јавен обвинител. Дополнително, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во информацијата на Министерството за внатрешни работи не е наведено дека станува збор за претседателката на Уставниот суд, но иницијалите на пријавителот на случајот одговараат на нејзиното име и презиме.

„На 14.5.2024 г. во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека во подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло. Известен е надлежен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,велат од Министерството за внатрешни работи.

Инаку, во 14 часот денеска во Уставниот суд е најавена прес-конференција по редовната седница на која се очекуваат детали и за овој случај.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Антикриорупциска комисија: Министерот Филипче може да го смени од функција директорот на Центарот за јавно здравје Зибери

„Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува“, вели министерот Филипче во одговор на обвинувањата од директорот Зибери