Почина Оливера Николова, ,,мајката” на Зоки Поки!

На 88 годишна возраст почина писателката Оливера Николова. Твореше на деца и за возрасни, а ќе остане запаметена по внесувањето на првиот градски лик – Зоки Поки, во македонската литература.

Работниот век во помина во јавниот сервис – МРТВ како уредничка и драматург. Па, од таму и нејзиното авторство на повеќе куклени и играни серии за деца. Таа е автор на 30- тина книги за деца и возрасни, меѓу кои има раскази, романи, сликовници и пиеси. За својата самопрегорна работа, Никола освои повеќе награди и признанија, меѓу кои се „ Рациново признание“ ; „ Стале Попов “ , двапати ја освои наградата  „ Роман на годината“, а беше одликувани и со орден за заслуги, од поранешниот претседател , Стево Пендаровски.

Смртта на Оливера Николова ја потврдија од Друштвото на писатели на Македонија, од каде дополнително ќе го соопштат датумот и терминот на нејзиниот погреб.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Почина бебе родено дома

Во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево вчера во 01,30 часот било пријавено дека во куќата…
Повеќе

Гори куќа во Жданец

Гори куќа во скопската населба Жданец. Ова е последната информација од противпожарната бригада која со најмалку 4 возила…