Две обвиненија за скандалот „Онкологија“ – „Давале терапија на пациенти и дополнително им ја влошувале состојбата“

Основното обвинителство во Скопје ја заврши истрагата за случајот „Онкологија“ и поднесе две обвиненија до Кривичниот суд во Скопје. Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на Клиниката, вклучува две лица. Првообвинетиот, во својство на медицински директор, и второобвинетиот, во својство на организациски директор на Клиниката, се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување, измама во службата и проневера. Поголемиот дел од кривичните дела се извршени во периодот од 2018 до 2022 година и успеале да остварат значителна добивка за другите во износ од 2,2 милијарди денари.

Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите и вклучува четворица онколози, вклучително и екс директорката која е обвинета за тешко кривично дело против здравјето на луѓето и одолговлекување во лекувањето на пациентите.

Главниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека со ова се испраќа порака и до другите клиники да работа правилно. Според Коцевски предметот Онкологија ја нарушил довербата на граѓаните во здравството.

Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 открива дека на Клиниката за хематологија не се евидентирани лекови за ретки болести и податоци за донации. Исто така констатирано е прекршување на постапките за набавка и нередовна исплата на обврските. Од Ревизија дале препорака за мерки за подобрување на состојбата.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Бензинот поскапува

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за…