Како светот брои пари: “Forbes” – Најплатените починати ѕвезди во САД

Американското списание “Forbes” објави листа на познати личности кои откако починале продолжиле да заработуваат милиони. Убедливо на прво место и натаму е пејачот Мајкл Џексон.

Џексон, кој умре пред девет години оваа година неговата бруто заработувачка е дури 400 милиони долари, најмногу од продажба на права.

На второ место е некрунисаниот крал на рокот Елвис Присли, кој во 2018. година заработил 40 милиони долари.

На трето место е легендарниот играч на голф, Арнолд Палмер, кој заработил 35 милиони долари.

“Forbes” наведува дека познатите личности кои повеќе не се меѓу живите вкупно заработиле 628 милиони долари, што е двојно повеќе од минатата година, кога заработиле 312 милиони.

На четврто место по остварени бруто приходи е авторот на серијалот за Снупи и Чарли Браун, Чарлс Шулц, кој заработил 34 милиони.

На петто место е реге пејачот Боб Марли со 23 милиони долари, а како што се наведува, заработувачката се однесува и на производи како слушалки и прибори за пушење.

Доктор Сус е на шестото место со 16 милиони долари, додека на седмо место е творецот на “Playboy”, Хју Хефнер, со заработени 15 милиони долари.

На осмо место е актерката Мерлин Монро, со заработени 14 милиони, додека на 9-то се нашол музичарот Принц со 13 милиони долари.

На 10-то место е поранешниот член на Битлси, Џон Ленон, кој заработил 12 милиони долари и за кој се наведува и дека 38 години по смртта продава околу 2 милиони албуми годишно.

оригиналниот текст тука

Total
0
Shares
Поврзани објави