Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на дериватите. Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините и дизелот. Според новиот ценовник, бензинот „супер 98“ поскапува за два денара и ќе се продава по цена од 66,50 денари, а литар од 95-ката ќе се точи за 64,50 денари, што исто така е поскапување од 2 денара по литар. Дизелот поскапува за 1 денар и ќе се продава за 61,00 денари за литар.

Total
0
Shares
Поврзани објави