Двајца судии од Апелациониот суд во Гостивар решавале кривични предмети со боксови, дознава Досие. Според нашите информации се работи за судии албанци кои минатата среда во просториите на судот започнале жестока расправија околу одлучување за одредени кривични предмети . Расправијата толку многу се вжештила што во еден момент едниот судија почнал насилно да се однесува и го нападнал постариот колега . Силно го удрил во глава и лицето. Удрениот судиија вознемирен и со модро лице набрзина излегол од судот.
Тепачката брзо завршила оти биле присутни и друго вработени кои ги спречиле судиите физички да се пресметаат. Но интересно натепаниот судија по кратко време изкористувајчи ја редовната пауза се вратил во судот и продолжил да работи.
Судијата кој го нападнал постариот колега според извори на Досие и досега бил пријавуван за насилно однесување, тепање, учество во обида за убиство, присилба спрема правосуден работник.
Судиите важат за блиски луѓе на двајца градоначалници и член на Судскиот совет.
Институциите засега молчат за овој голем инцидент во судот во Гостивар.
Поврзани објави
Условна казна за Ивона Талевска, 2 години затвор со услов од 4
Новинарката Ивона Талевска доби пресуда условна казна две години затвор со услов од 4 да не стори ново…
Исходот од постапката за одговорност ќе ја одреди иднината на македонското судство, порача претседателката на Врховен
Во своето излагање, членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа, кој ѝ го иницираше барањето за одговорност на Адеми,…
Срѓан Керим и Јана Станисављева сведоци во СЈО за случајот МПМ
Постапката за финансиските злоупотреби во МПМ отвори ОЈО Скопје, откако кривична пријава поднесе Самостојниот синдикат на новинарите на…
Павле Богоевски: Постои ризик да пропадне и судскиот процес за сообраќајката кај Ласкарци
Ставот на Павле Богоевски активист од Шарената револуција и пратеник борец за правда и владеење на правото на…