Претседателот Ѓорѓе Иванов по повод Нова Година помилува 25 затвореници. Списокот денеска е објавен во Службен весник и според него на списокот има три жени на кои им се скратена казната од по 3 односно шест месеци. Едната од нив оваа година добива намалување по втор пат.
Останатите 22 се мажи од кои најмногу помилување од осум месеци добил затвореник од Скопје , а најмалку или два месеци скратување на казната добил затвореник од Прилеп.
Списоците за помилување на Претседателот со години се критикувани од јавноста поради чудниот начин на кој исти затвореници добиваат и по два пати помилување. Оваа година и покрај констатациите на домашните и странските експерти дека условите во затворите се катастрофални и пренатрупани Иванов помилува само 25- мина.
Поврзани објави
ВИДЕО | Спасовски за Мијалков: Тој што е приведен има само една мисла во глава – како да избега и ништо другo
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Утрински Брифинг се осврна на пропустите поради кои околу…
Затвореници од Шутка на претстава во Театар Комедија
Со посетата на вчерашната претстава „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија, започна реализирањето на активностите од меморандумот за соработка…
ЕКСКЛУЗИВНО: Соња “ТAT” повторно во затвор за измама тешка 600 000 евра
Познатата сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ од Битола, деновиве повторно е во затвор. Таа е спрoведена во затворот…
Нема храна за притворенитеците во “Шутка” !
Истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари – популарната „Шутка“ – каде што ги сместуваат притворениците, годинава работи…