Јавното сообраќајно претпријатие неодамна донесе одлука со која на лицата со попреченост им се дозволува да ги користат нивните услуги со своето куче-придружник, денеска на Александар Велески и неговото куче Бен не им било дозволено да се качат во автобус на ЈСП.
„Функционира ли нешто во државата, ЈСП, 7-ца не ме пуштија со Бен“, се пожали Александар на својот фејсбук профил.
Од ЈСП соопштија дека за случајот дознале преку Фејсбук и дека веднаш го побарале Александар, но се уште не стапиле во контакт со него.
„Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола. Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, велат од ЈСП.