Ангеловска куртули од кривична за повлекување на парите од „Еуростандард“

Државната комисија за спречување на корупцијата нема да поднесе кривична пријава против министерката за финансии Нина Ангеловска, но укажува на сериозна етичка одговорност за повлекување на парите од „Еуростандард“ непосредно пред затворање. 

Претседателката на комисијата Билјана Ивановска вели дека  Комитетот за финансиска стабилност, чиј член е и Ангеловска годинава одржал два состаноци за кои постојат записници, но во нив нема доказ дека се разговарало за „Еуростандард банка“. Прв документ кој укажува дека на Комитетот се разговарало за банката датира од 4 јуни годинава.  

„Министерката по службена должност располагала со информации за движењата во банкарскиот систем со што имала предност пред останатите штедачи во банката. Во моментот кога стапувам на функција министер за финансии….или ќе си ги чувам парите и не ме интересира функција или ќе бидам министер ама ќе го делам ризикот со сите останати штедачи..кај нас е тоа чудно но мора да почнеме да се учиме така.“ – изјави Билјана Ивановска претседател на ДКСК.

Иако нема простор за кривична одговорност на Ангеловска, сепак претседателката на ДКСК Ивановска упатува на Етичкиот кодекс за јавни функционери донесен од Владата а по препорака на ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа и препорача  дооуредување на законските прописи во делот на судирот на интереси и како тој во иднина да се спречи. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави