Армијата ќе им помага на епидемиолозите кои земаат брисеви

Нормализирањето на работата на клиниките се одложува за една недела, а медицински персонал од државата ќе се приклучи на тимовите во Градската општа болница „8 Септември“.

За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките. Новиот кадар е потребен за да помогне на медицинскиот персонал кој директно работи со пациентите, рече министерот Филипче.

На епидемиолозите ќе им помагаат стручни лица од Армијата. Со вклучување на воено технички персонал, низ Скопје ќе циркулираат три или четири екипи кои ќе земаа контролните брисови.

Имајќи предвид дека епидемиолозите целосно се посветени на анкетите и новите случаи, веќе истекува 14 дена кај голем број на лица кои се самоизолација. Стручни лица од воено техничкиот персонал, епидемиолози или лаборанти, ќе циркулираат низ градот и ќе земаат контролни брисови, и во зависност од резултатот, ако тестот е негативен, да можат излезат од самоизолација, рече Филипче.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави