Бебе примено на Kлиника – се испитува кој го повредил

На 25.12.2019 во 12.50 часот СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 16 – месечно женско бебе од Скопје со повреди.

Во разговор со полициските службеници мајката на бебето, А.М.С.(21) од Скопје изјавила дека дека на 23.12.2019 околу 12.00 часот нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје.

Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО од првата линија на огнот – Пожарникарите иако не се на смена, 40 часа се борат да спасат животи и домови, исплатата на надоместок неизвесна

Почитувани сограѓани, Во вакви моменти во кои непогодите се насекаде низ државата, а некои граѓани претрпеа сериозни материјални…