Близнаците Тео и Тони, ќе добијат и тапан, сон на младите играорци

Тео и Тони денес dosie.mk и неколку хумани луѓе ги посетивме и запознавме. Децата кои 4 години живееле без струја зрачат со светлина и топлина. Играа фудбал со нашите деца , но најмногу сака да ни раскажат дека се одлични играорци во нивната играорна група и одлично удираат на инструментот тапан. Сон им е да имаат и дома таков инструмент, а на радоста немаше крај кога нашите пријатели им ветија дека ќе го добијат.
Помош стигнува од многу хумани луѓе, но додека не им се среди струјата храната нема каде да ја чуваат. Стигнува помош и за ново купатило , нова дневна соба нова соба за децата , нов под. Се радуваат и секој кој ќе застане во тесното уличе пред нивната куќа го пречекуваат со широка насмевка и радост.
Едноставно Тео и Тони се херои на денешново време, деца кои се радуваат на животот кој го поминуваат во тешка мизерија. Но хуманоста на луѓето, а ја очекуваме и од институциите ќе им помогне на овие две момчиња да го остварат својот детски сон и да живеат во услови достојни за секое дете.

(видета се од посетата и вклучувањата во живо од нивниот дом и еден краток и спонтан разговор со нивната баба која нема намера да се откаже од нив додека е жива и додека мрда).

https://www.facebook.com/dosie.mk/videos/2255541547808161/

https://www.facebook.com/dosie.mk/videos/1032435523602095/

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Ристиќ: “Ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест”

„Ирена, а и јас, секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени…