Буцка боцка , државата на коцка

Пишува: Кристина Мачкиќ

Денеска ама баш ништо не ставив на порталот па дури ни од рубриката разно. Седнав на турско кафе во Стара чаршија , ме понудија со локум со ореви. Слатко беше додека не отворив нет. До тогаш имаш смеа, разговор , договори за бизнис, договори за домашни активности и се е ок. Отвораш нет и наеднаш светот ти паѓа на глава.

Вилма ова ….

Вилма она ….

Катица вака ….

Катица така…..

Боки ваков …

Боки таков….

Ама бруе синкир светов е само тука толку и точка. Медиумите се испокршија од прашања и потрага по Катица посебно некои телевизии и портали. Ако толку ги интересира бидејќи беа блиски лапкаа заедно пијуцкаа се журкаа треба да знаат каде да ја најдат.

Шо се чудам па јас ја бараат да не ја најдат. Обично и така е додека им требаш да ти се накачат на новчаникот како на цицка сите срциња ти лупаат на ФБ. Се случи ли нешто, уште за воља на вистината недокажано, ама оди во правец на добро темпирање и штимање, сите прашинка. Сега на сите Катица не ви чини пушти вода мајсторе!

Но еве вака труејќи се само поради професионална причина на ФБ мислам дека стравот кај многумина не е од Ката, туку од Вилма. До сега имаше време плачковците што ги обвинила а судот ги осудил да побараат преотворање на процесите, но трт мрт ,денес утре дебата сликички по фб сега, после,, никогаш. Зошто? Затоа што виновните не сакаат да се чепка минатото, да се заборави, а они да си останат жртви, а ние мутави.

Но ко за беља Вилма не заборава и граби напред . Боки ќе го чешла уздуш и попреку и што ли разговори и средби ќе открие оф оф оф. Можеби ќе отрие и старо нови ликови … Ниеден кројач вака у живот му нема земено мерка . И од Louis Vuitton да и позавидат.

Но сепак кој приватно еднаш го запознал Боки ќе каже дека со фустан или како џентлмен дечкото има што да каже има визии, но има и пороци. Ако пороците го сопнаа на здравие паметот но ако е нешто друго во прашање е тогаш ќе видиме на крај на кој ќе му пукне душата.

А да за Катица уште ништо не разбравме ???? Дали жената боцка смокви или гризе нокти да не ги отворат сите предмети па по ревизија да пукнат како луфт балони ????  

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ова не е наша Ката, Цанде пали го фиќото

………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………… и така бомбите на СЈО станаа неупотребливи. На точките од претходно се знае што би пишувало да…
Повеќе

ТАМАРА & ТАМАРА

Две Тамари направија тектонски пореметувања во ова парче земја кое за два часа со кола се поминува уздуш…
Повеќе

Димче пуф пуф транс

Поскапува водата. Кому му е гајле? Ќе се менува Законот за пушење….ееее ова е за дебата. Гледам сите…