ТАМАРА & ТАМАРА

Две Тамари направија тектонски пореметувања во ова парче земја кое за два часа со кола се поминува уздуш и попреку!

Две Тамари направија пустош секоја на свој начин!

Две Тамари колку го слотија – толку го скараа македончето!

Две Тамари направија револиции!

Две Тамари ја открија големината но и морничавата ситна душа на народецот!

Две Тамари ја кажаа приказната!

Две Тамари ги лизнаа перата на дволичните, селфиња од кафеани надвор од државава, а плукаат по своите, тврдам не дале глас!

Две Тамари ја открија мизеријата на  тукашното битисување.

Две Тамари  се вивнаа во височините секоја на свој начин еден тажен еден среќен!

Две Тамари ја искорнаа емоцијата кај искрените , ја обезличија пакоста на дволичните фб “мислители”!

Две Тамари го направија она што никој не го направаил – за момент го сплотија народот, но следниот – пак назад плуканицата спремна!

Две Тамари сме ние во едно големо огледало но кој да се погледне!

На крај :

Двете Тамари се #PROUD секоја со својата приказна!

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ЧОРБА

ЕЕЕЕЕЕ од кога не сум напишала Локумна. И нема да напишам! Годинава ќе ја почнам со видео локумна,…
Повеќе

Доминџоси

Субвенции за сончогледи. Го читам ова по статуси на ФБ. Исто нешто пишуваат луѓе кои не се познаваат…