Доминџоси

Пишува: Кристина Мачкиќ

Субвенции за сончогледи. Го читам ова по статуси на ФБ. Исто нешто пишуваат луѓе кои не се познаваат меѓусебе, работат во различни области , имаат различни интерес и, но сончогледите им се заеднички. Велат никнале на овие температури , на ова продолжено лето, на ова силно топло сонце.
Ама не ќе да е до сонцето и октомвриското лето.
Сончогледите се насадени малку поодамна. Има едно две години. Миц по миц полека никнуваа и оп наеднаш плантажи. Сите имаат некое чудно исто име – жртви на диктатурата. Сеедно мажи, жени , секој на свој начин. Жртвите ги гледам и слушам и се присеќавам како истите тие, додека беше нели режимот, заработуваа многу пари , возеа нови автомобили , некои дури земаа плата и ништо не работеа. Ги гледав и во медиумите и во судството во здраството по затворите. За судиите веќе излишно е да зборуваме колку сончогледи таму никнаа. Само едно ме интересира каде им се сликичките од ФБ од пред токму две години каде беа со “режимските” судии сликани? Каде се новинарите со старите директори исто на ФБ гушнати?
Гледате го измешав приватниот бизнис и државната служба. Во овие плантажи веќе не знам кој и како на кого сака да му се додвори да не речам насади. И пак, и пак проституција на душата и кодошаната се на цена. Како би изгледала денес една приказна која може да ја сместиме во секоја област во секоја власт .
-Нови државни директори стари навики. Но си ја утнала лепотице победничката страна, бившиот е бивши, а и лош човек беше, ама новиов е топ, срце. Пукај лична со иста муниција, докажи се дека си кадар инаку отиде јабана. Тоа што бившата партија те запосли стручна си бејби. Дебели и стари активистки од новиве не се кадарни да бидат кадар. Маживе па ич. Му велеле добар ден на бившиот директор у ходник. Сумњиви се. Затоа ти не си. Веќе си му најблиска на новиов. А тоа што шарм го држи до нови избори кому му е гајле. Ти повторно рулет. Твојот број е стално добитен.
Не е до партијата до минџата е.Што знае партија што е љубав.
А бе како се викаше бившиот? не можам да се сетам го забораив….
Се снашла жената алал да и е ја бива , така би рекле нели.
Ај во нашава приказна е жена , ами што да кажеме за мажите?
Она што мене сериозно ме загружува што слични доминџоси се мастер мајндот на операцијата ловење судии. Па зар тие кои уживаа во режимот и работеа за него , запечатија многу човечки судбини, оставија многу деца долги години без еден од родителите. Зар партијата зар државата не научи од претходните кои се домиџосите. Се фрапирав ,додуше само една секудна , па ми текна, а да две проститутки на едно место , кога слушнав дека новинар газда борец против режимот со екс јака сваровска судијка ноќе заедно прегледувале прилози. И народ верува и простува и вика браво и вика ура и оп масовна амнезија.
Е па драги мои со доминџосите историјата покажала каде ќе стигнеме.
НА ДНОТО на Ебиленд, со извињење.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ЧОРБА

ЕЕЕЕЕЕ од кога не сум напишала Локумна. И нема да напишам! Годинава ќе ја почнам со видео локумна,…
Повеќе

Улица Биди Маж

Од прва насловов е навистина нејасен и збунувачки. Но е вистина! Улица со вакво име има во Прилеп.…