Чадиковски: Можни се протести ако не престане насилството врз новинари

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, предупредува дека ако не претстане насилството врз новинари, една од опциите за решавање на тој проблем се протестите.

„Очигледна е недоволната свесност во првите луѓе на институциите што треба да ги гонат заканувачите кон новинари. Предметите најчесто заглавуваат во обвинителството или во судските процеси. Наспроти тоа, кога постојат одредени закани кон политичари тие веднаш се процесуираат. Тоа е двоен аршин, до кога така? Тоа создава недоверба во системот. Не постоиме ние за политичарите, туку политичарите постојат тука, за нас граѓаните“, вели Чадиковски во интервју за Мета.

Доколку не се преземе нешто, вели тој, една опција за решавање на проблемите се јавните укажувања и обиди да се влијае, а втора форма се протести. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави