Чичко на поранешниот градоначалник на Штип добил тендер од оштината

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека семејна фирма на министерот за транспорт и врски и поранешен градоначалник на Штип добил тендер од општината.

 „Семејната фирма на министерот Бочварски кој е доскорeшен градоначалник на општина Штип, добила тендер од општина Штип. Имено семејната фирма „Де Лукс ДОО“ која е во сопствеништво и управувана од чичкото и таткото на Благој Бочварски, Владимир и Венцислав Бочварски, добила тендер во износ од над еден милион денари од општината, кај што истиот тој Бочварски бил градоначалник, поточно 1,139.000 денари тендер од општината“, обвини Арсовски.

Арсовски потсетува дека тендерот фирмата го добива еден ден откако Бочварски станува министер

„Дали тоа значи дека семејната фирма на Бочварски учествувала на целата постапка додека траел тендерот дури тој бил градоначалник, а се чекало само тој да биде избран за министер за да се официјализира како добитник на тендерот неговата семејна фирма?“, праша Арсовски.

Тој смета дека во случајот постои сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност и судир на интереси и воедно ја повика Aнтикорупциската комисија да го истражат и санкционираат случајот.

„Иако ова нема да се случи бидејќи Зоран Заев го штити криминалот, сепак добро е и Вицепремиерот за борба со корупција Николовски, да не се прави при очи слеп, и уште денес да побара разрешување и санкционирање на неговиот колега министерот за транспорти врски Благој Бочварски, по примерот на Лидија Димова, за што подоцна и треба да одговара“, рече Арсовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави