На државната клиника за Кардиохирургија за првпат е направена интервенција за хемодијализа кај детенце дури помало од 2 годинки.
Проф. д-р Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје заедно со нејзиниот тим ја направија првата успешна интервеција на државната клиника за Кардиохирургија.
Во тимот на Проф. д-р Софијанова беа и Д-Р Оливер Бушлетиќ од Клиниката за Кардиохирургија и Д-р Владо Пушхевски од Клиниката за Нефрологија.
Првиот ваков зафат на државната клиника е огромен успех за македонското здравство.
Р.И.

