Дали Македонците ќе можат да одат на море во Црна Гора?

Црногорската Влада непосредно пред почетокот на туристичката сезона го смени моделот за влез на странски државјани.
Има три категории за тоа кој може да влезе во Црна Гора.


На таа листа, македонските државјани се во црвената зона и остануваат без право на влез во Црна Гора.

Заедно со Македонците, единствени од Балканот кои немаат право за влез во оваа држава се и Србите.

Останатите две категории се зелена зона на држави, чии граѓани можат да влезат без никакви ограничувања.
Од Балканските држави на таа листа се Грција, Бугарија, Хрватска и Словенија.


Другата листа или жолта зона подразбира влез во Црна Гора со негативен ПЦР тест.

Во таа група од Балканот се Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Погледнете ја картата што ја направи Црна Гора за европските земји.

Total
0
Shares
Поврзани објави